Модул 4

Безбедност на онлајн плаќања

Кликни тука за да го преземеш прирачникот: „Е-плаќање“

 

Една од поважните работи при е-плаќањето е безбедноста.

Целата суштина на процесот на онлајн плаќање е да му обезбеди на е-трговецот способност да управува со трансакцијата во безбедна средина.

Што ја прави е-трансакцијата безбедна?

Платежниот портал можат да им обезбеди на е-продавниците алатки за спречување измами, како што се системи за верификација на адреса, 3DS автентикација, системи за мониторинг и спречување на сомнителни и ризични трансакции и оперативни процеси со кои значително се намалуваат ризиците од измама доколку се користат во комбинација.

Дополнително, процесорите за плаќање влијаат на процесот на усогласеност со безбедноста, бидејќи тие мора да се сертифицирани за PCI-DSS стандардот.

Денес постојат неколку стандарди и регулативи за да се заштитат е-трговците и купувачите од измами со плаќање преку Интернет. 

  • Првиот слој на заштита е од безбедносните стандарди за платежни картички како што е 3D Secure стандардот. Дополнително, за да прифатат плаќања со кредитна картичка преку Интернет, е-трговците и нивните платежни портали треба да бидат усогласени со PCI-DSS стандардот. 
  • Покрај усогласеноста со PCI, е-трговците што продаваат во Европа кои сакаат да прифаќаат плаќања со картичка мора да се усогласат и со регулативите за плаќање –  PSD2 (Директива за платежни услуги), која спроведува силни механизми за автентикација при процесите на онлајн плаќање, како што е SCA (силна автентикација на клиентите). 
  • Освен регулативите за плаќање, онлајн трансакциите се опфатени и со регулативи за заштита на податоците. Трговците во Македонија треба да се усогласат со GDPR – регулативa коja регулира како се постапува со приватноста на податоците на потрошувачите и директно влијаe на процесот на плаќање.

Во однос на безбедноста на специфичните начини на плаќање:

  • Кредитните картички се меѓу средствата за плаќање кои се сметаат за најбезбедни за онлајн трансакции, бидејќи се опфатени со толку многу регулативи, вклучувајќи 3DS автентикација и PSD2 во Европа како што споменавме претходно.
  • E-паричниците (e-wallets) нудат строга безбедност, бидејќи нивниот тек на плаќање не вклучува споделување на банкарските податоци на корисникот со e-трговецот и со нивниот платежен портал.

Како да ги направите онлајн плаќањата побезбедни како е-трговец?

Како е-трговец, постојат голем број тактики што можете да ги примените за да ја осигурате безбедноста на e-плаќањaта. Покрај потсетувањето на потрошувачите за придобивките од онлајн плаќањата, научете ги како безбедно да вршат онлајн плаќања и што прави вашиот бренд на ова поле.

  1. Направете корисниците да се чувствуваат безбедно на вашиот сајт или на вашата апликација
    Користете SSL/TLS сертификат кој автоматски ќе ја прикаже иконата во форма на катанец – знак дека купувачите се поврзуваат со безбедни трансакции, кој се наоѓа во делот на веб адреси на пребарувачот (пр. Google Chrome) и поставете икони за начините на плаќање што вашите корисници ги препознаваат и им веруваат, како Visa, Mastercard, Diners, итн.(најчесто во футерот на веб страницата).
  2. Корисниците нека бидат во тек
    Комуникацијата со корисниците за статусот на нивните нарачки, детали за испорака и минати нарачки го прави целиот процес на онлајн плаќање потранспарентен и поотпорен на обидите за измама.
  3. Прегледајте ги вашите нарачки
    За да ја задржите контролата врз вашите нарачки, преземете акција за периодично да ги прегледувате. На овој начин ќе откриете дали има некоја сомнителна активност или обиди за измама на вашите системи.
  4. Користете платежен портал со имплементиран 3D Secure протокол
    Не само што обезбедува дополнителен слој на безбедност со автентикација на два фактори, туку ги штити и е-трговците од несакани трошоци за поврат.