Модул 5
Испорака
Ефикасната испорака е од витално значење за растот и успехот на бизнисите во е-трговијата. Но не секоја компанија има капацитет да има сопствена, in-house, служба за испорака и поради тоа истите често се потпираат на услугите на поштенските оператори за навремена и ефективна испорака.
Со таа цел, модулот #5: „Испорака“ е создаден да прикаже сеопфатен преглед на сите курирски компании во Северна Македонија, вклучувајќи ги нивните основни информации, цени, опции за испорака, услови и можности. Ова не само што ќе поттикне здрава конкуренција меѓу локалните поштенски оператори, туку и ќе ја подобри транспарентноста за крајните клиенти.
Дополнително, во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, во модулот #5: „Испорака“ се додадени детални увиди во често нејасните и сложени процедури за увоз и извоз што доаѓаат со онлајн купувањето, како и неколку корисни информации поврзани со универзална услуга, обврски на испраќачот и рекламации на пратки. Ова ќе им овозможи на сите заинтересирани да донесуваат информирани одлуки и да избегнат потенцијални пречки и нејаснотии.