Модул 2
Регулатива
Модулот број 2 од оваа веб платформа се однесува на регулативата во е-трговија во Република С. Македонија. Преку него на лесно разбирлив и јасен начин може да се добие подобра слика за регулативата поврзана со е-трговија.
Модулот се состои од:
- Веб прирачници за водење на бизнис во е-трговија во С. Македонија
- Закони кои влијаат и е потребно да се почитуваат при работењето со е-трговија
- Документи и ресурси поврзани со е-трговија
Веб прирачниците прикажуваат како да основате компанија за е-трговија, кои информации се неопходни да се јавно и јасно прикажани на вашата е-продавница, за да ги исполнувате минималните законски барања како е-трговец и кои права ги имаат потрошувачите.
Покрај прирачниците, овој модул содржи и закони поврзани со основање и водење е-бизнис: законот за е-трговија, законот за трговија, законот за електронски комуникации, законот за заштита на потрошувачи, закон за заштита на лични податоци и кривичниот законик, како и сите други потребни информации за легално започнување со работа на своја продавница за е-трговија во Република Северна Македонија.
Модулот регулатива во е-трговија исто така содржи и неопходни документи и ресурси кои ќе им послужат на сите потенцијални и постоечки е-трговци при работењето – бизнис план, речник на термини поврзани со е-трговија, swot анализа и останати документи и ресурси.