Имате прашање?
ЧПП
Често поставувани прашања
Веб платформата се состои од релевантни податоци и ресурси за е-трговија за пазарите на ЦЕФТА, вклучувајќи основни податоци за е-трговија, интерактивни графикони и податоци за развојот на пазарот за е-трговија на ЦЕФТА, како и податоци за клучните аспекти на водење бизнис во е-трговија.
Релевантните податоци за е-трговија се претставени за сите 7 пазари на ЦЕФТА - Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово*, Црна Гора и Молдавија на веб-платформата.
Модулите се независни единици со информации за одредена тема која е дел од една целина. Секој од модулите е на различна релевантна тема за е-трговија, претставена на начин што е лесно разбирлив за сите. Платформата содржи пет модули кои ќе се градат и промовираат посебно во различни фази од проектот. Петте модули се појавија како одговор на предизвиците на пазарот што ги мапираа деловниот сектор и владините институции и ќе ги опфатат следните пет теми: Податоци за е-трговија, правна рамка, е-плаќање, испорака и успешни приказни. Секој од овие модули ќе содржи релевантни информации специфични за пазарот на ЦЕФТА, упатства, прирачници и документи поврзани со темата.
Информациите за homеpegе се достапни на англиски јазик, а информациите за секој пазар на ЦЕФТА се достапни на локалниот јазик и на англиски јазик.
Да, користењето на веб-платформата е потполно бесплатно.