Модул 3
Успешни приказни во е-трговија
Во модулот 3: Успешни приказни во е-трговијата направивме селекција од 5 е-трговци кои вистински го заслужуваат епитетот успешни. Доаѓаат од различни сектори и носат импресивни приказни за тоа како ја имаат променето играта на пазарот во С. Македонија. Во 4 пишани интервјуа и 1 видео следните е-трговци: Svetotnabibi.mk, Bellina.mk, E-Horeca.mk, Fashiongroup.com.mk и Gley.mk зборуваат за своите почетоци, идејата зад брендот, функционирањето на пазарот, новитетите кои ги имаат донесено, успесите кои ги имаат постигнато, плановите за регионално проширување и замислата за работењето во е-трговијата во иднина. Ова се е-трговци кои се пример и инспирација на голем број постоечки и идни е-трговци кои се дел или ќе се вклучат во e-comm светот. Се радуваме за нивниот успех!