Кликни тука за да го преземеш прирачникот: „Е-плаќање“
Во процесирањето на онлајн трансакцијата учествуваат 5 субјекти
- E-трговец (продавач),
- Kупувач (крајниот корисник кој ја врши трансакцијата),
- Банка прифаќач т.е “acquirer” (банка со која соработува е-трговецот),
- Kартична организација (Mastercard, Visa, Diners и др.) и
- Банка издавач т.е “issuer” (банката – издавач на картичката на крајниот купувач).
За да може банката прифаќач да ја процесира онлајн трансакцијата потребни се платежен портал (т.н. payment gateway) и платежен процесор.
Платежниот портал е порталот преку кој што банката прифаќач (банката на е-трговецот) ги добива податоците од картичката на купувачот за понатамошно процесирање.
Платежниот процесор претставува техничка алатка која е посредник помеѓу банките и интернационалната картична организација (Visa, Mastercard итн.) со цел да се изврши онлајн трансакцијата. Платежниот процесор може да биде во сопственост на банката (in-house) или банката може да користи надворешен платежен процесор. Процесорот испраќа податоци за клиринг до картичните организации за порамнување на средствата од трансакциите со картички.
Важно е да се знае
Е-трговецот нема никаков увид врз податоците од платежната картичка на купувачот, а истите се пренесуваат преку платежниот портал (payment gateway) директно до банката прифаќач – банката на е-трговецот, која потоа преку платежниот процесор (сопствен или надворешен) ги пренесува информациите до картичната организација која комуницира со банката издавач на картичката на купувачот.
Во Република С. Македонија постои еден локален платежен процесор – CaSys кој управува со платежниот портал cPay и вкупно 5 од 14 банки ја нудат услугата е-трговија односно се јавуваат како “acquiring” банка – тоа се: Халк Банка, Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Банка, Комерцијална Банка и Уни Банка. Повеќе за можностите, функционалностите и условите кои ги нудат 5-те банки може да прочитате во делот на „Понуда и можности за е-плаќање во Р. С.Македонија“.
Кликни тука за да го преземеш прирачникот: „Е-плаќање“
Клиринг е размена на информации за трансакциите помеѓу банката на е-трговецот и банката што ја издава картичката, преку картичните организации Visa или MasterCard.
Порамнувањето е процес на размена на средства помеѓу издавачот на картичката и банката на е-трговецот за да се заврши трансакцијата.
Клирингот и порамнувањето на трансакцијата со картичка се олеснува преку размена на податоци за трансакциите, која е електронската инфраструктура што ја имаат поставено Visa и MasterCard за да ги обработуваат финансиските трансакции помеѓу нивните банки членки. Kлирингот и порамнувањето на трансакцијата се случуваат последователно.
Процесот на порамнување може малку да варира од една до друга банка за процесирање, но генерално поминува низ следните фази:
- По завршување на бизнис денот, банката на е-трговецот ги доставува информациите за трансакцијата до соодветната картичната организација (Visa или MasterCard).
- Картичната организација врши клиринг и порамнување и ги испраќа информациите за трансакцијата до банката – издавач на картичката, а потоа ги подмирува со кредитирање на сметката на банката на е-трговецот и задолжување на сметката на издавачот на картичката.
- Износот што се кредитира во банката на е-трговецот е еднаков на износот на трансакцијата, минус надоместоци и минус провизијата (надоместокот што Visa и MasterCard го наплаќаат за процесирање на секоја трансакција со картичка).
- Износот што се задолжува од сметката на издавачот на картичката е еднаков на износот на трансакцијата, минус надоместоци за обратборка утврдени од Visa и MasterCard.
- Банката на е-трговецот ги добива своите средства, обично во рок од 24 часа од трансакцијата и ја кредитира сметката на е-трговецот, обично во рок од 48 часа од трансакцијата. Е-трговецот добива износ што е еднаков на износот што се кредитира на сметката на банката што ја обработува трансакцијата, минус трошоците за обработка на плаќањата (стапките и надоместоците што трговецот се согласил да ги плати за услугите за обработка на картички).
- Издавачот на картичката информира за направената трансакција на сметката на сопственикот на картичката.