Модул 6
Регионален беџ за доверба во е-трговија
Ова е информативна страница за првиот Регионален беџ за доверба во е-трговија за пазарите од ЦЕФТА. Процесот за стекнување на Регионалниот беџ за доверба во е-трговија е во развој и ќе биде објавен наскоро.
Со Регионалниот беџ за доверба во е-трговија, асоцијациите за е-трговија кои доаѓаат од пазарите на ЦЕФТА ќе ја стимулираат меѓународната продажба преку подобра заштита на потрошувачите и е-трговците. Како резултат на тоа, потрошувачите ќе бидат посигурни во онлајн купувањето.Регионалниот беџ за доверба во е-трговија ќе покаже дека онлајн продавницата е проверена од која било од националните асоцијации за е-трговија, и дека е во согласност со законите и прописите неопходни за водење бизнис со е-трговија. Како резултат на тоа, Регионалниот беџ за доверба во е-трговија ќе ги заштити и онлајн продавницата и потрошувачите од пазарите на ЦЕФТА.
Условот за некоја е-продавница да може да аплицира за Регионалниот беџ за доверба во е-трговија е најпрво да има стекнато локален беџ за верификација од националната асоцијација за е-трговија. Во моментов, во Северна Македонија и Босна и Херцеговина има активен национален Беџ за верификација на е-трговци за која можат да аплицираат заинтересираните е-продавачи. Во Албанија и Србија локалните Беџови за верификација на е-трговци исто така се во развој и наскоро ќе бидат лансирани.
Линковите до националните асоцијации за е-трговија со активна Беџ за верификација на е-трговци може да се видат овде:
Дополнително ќе се додадат линковите за апликацијата и трошоците за добивање на Регионален беџ за доверба во е-трговија.