Модул 6
Регионален беџ за доверба во е-трговија
За да се стекне Регионалниот беџ за доверба во е-трговија, секој е-продавач треба да пополни краток онлајн прашалник во кој ќе одговори дали ги исполнува основните законски услови за работа во е-трговија. Кога се доставуваат одговорите од прашалникот, се спроведува верификација од страна на една од асоцијациите за е-трговија (Македонска асоцијација за е-трговија, Албанска асоцијација за е-трговија, Е-commerce Асоцијација во БиХ, Асоцијација за е-трговија во БиХ и Здружение за е-трговија на Србија), следејќи ги правилата предвидени со Кодексот на однесување.
Доколку е-продавачот е регистрирано правно лице и ги исполнува основните законски услови, е-продавачот ќе може да се стекне со Регионалниот беџ за доверба во е-трговија, кој ќе му биде испратен за поставување на неговата е-продавница. Во спротивно, до е-продавачот ќе бидат испратени корективни упатства, кои доколку се исполнат во рок од еден месец, ќе може да се стекне со Регионалниот беџ за доверба во е-трговија. Е-трговецот има право да го промовира Регионалниот беџ за доверба во е-трговија на своите потрошувачи, за да ја зголеми довербата во својот бренд.
Една од горенаведените асоцијации за е-трговија во регионот ЦЕФТА ( која доаѓа од соодветниот пазар како и е-продавачот) врши формална проверка на веб-страницата, односно дали е-продавачот ги поседува потребните основни законски услови за вршење на дејноста, без евалуација на квалитетот, односно дали нејзината содржина е соодветна и ги исполнува сите пропишани норми.
Ако на е-продавницата што ја посетувате има поставен Регионален беџ за доверба во е-трговија, тоа значи дека е-продавницата се обврзала да работи во согласност со Кодексот на однесување, гарантирајќи ги етичките стандарди на дигиталниот пазар.
Веб-страницата за апликација за стекнување со Регионалниот беџ за доверба во е-трговија ќе биде додадена дополнително.