Кирил и Стефан од bellina.mk – Имаме модерен концепт за онлајн продажба, маркетинг и градење “brand awareness”

Bellina.mk

Со само 4 прашања Кирил Роглев и Стефан Драгоманов, ко-сопствениците и извршните директори на Bellina.mk успеаа да ни ја доловат есенцијата за брендот, кој е една од најуспешните приказни во е-трговијата кај нас. Нивните детални, конкретни и информирмативни одговори ни дадоа појасна слика за функционирањето на Bellina, ја пренесоа идејата, философијата и визијата за брендот и го раскажаа начинот на кој семејниот бизнис продолжува да освојува регионални пазари преку модерни концепти за е-трговија и маркетинг. Задоволството е наше што ги имаме Кирил и Стефан како соговорници во ова интервју.

Кога ќе пребараме bellina.mk се појавува модерна, колоритна и разиграна е-продавница со многу пријателски настроен тон. Но, што точно е bellina.mk и која е идејата зад брендот?

Кирил: Bellina.mk е идеја за модерен, современ и здрав начин на живот. За промена на животниот стил кон подобро и за подигнување на свеста кон животната околина, животните, планетата и нашиот индивидуален допринос кон подоброто утре за сите нас.

Постоиме од почетоците на 2016-та година, кога започнавме како скромна онлајн продавница за парфеми и природна и органска козметика. „Bellina“ на италијански значи убава, грациозна, а истовремено е назив за вид на орхидеја, којашто се користи во производството на парфеми и козметика.

Од самиот старт сме двајцата ко-основачи на брендот и идејата Bellina, кој континуирано расте и се развива и моментално брои 24 вработени. Bellina беше и сѐ уште е семеен бизнис, на што сме особено горди, а сите колеги, без разлика на позицијата и хиерархијата во компанијата, ги сметаме за дел од нашето семејство.

Желбата да донесеме дел од модерните европски вредности, начин на функционирање и начин на живот во Скопје и Македонија, како и желбата да го дадеме својот допринос во подигнувањето на колективната свест, беше и сѐ уште е главен мотив за нашиот секојдневен напредок.

Концептот на нашиот продажен ланец, нашите познати „Bellina Bio Shops“, е нешто што е новитет на македонскиот пазар. Понудата на исклучиво природни и органски производи на едно место, чија гаранција за квалитет е потврдена од најреномираните европски сертификатори, е нешто што не може да се најде на друго место освен кај нас. Обично навикнати сме да гледаме делови за органска храна или природна козметика (ако воопшто ги има) во мали делови од продажните објекти на супермаркетите, дрогериите, аптеките и сл., додека никој освен нас нема понуда, кадешто целокупниот асортиман, без исклучоци, ги следи тие стандарди. Особена гордост и задоволство ни претставува кога посетители и потрошувачи од Грција, Србија, Германија, Франција, Данска и многу други земји ги посетуваат нашите локали и со воодушевување констатираат дека концептот изгледа доста „европски“ и модерно, нешто што е вистинска реткост на нашите простори.

Кога почнувавме во 2016-та година, недостигот беше драстично поголем од денес, иако сметаме дека и денес сѐ уште има голем простор за напредок на нашиот пазар, како во поглед на онлајн продажбата и културата и навиките за онлајн пазарење, така и за избор на органски производи и здрав начин на живот. Македонските купувачки навики имаат значително подобрување, особено од 2020-та па навака, но сѐ уште доста заостануваме зад европскиот просек и стандарди, па има уште многу работа на ова поле за кревање на свеста на потрошувачите.

Нашиот бизнис модел е уникатен на нашите простори, а би рекле и пошироко, бидејќи не често се гледа симбиоза на неколку дејности во склоп на една компанија. Ние не само што сме увозници и дистрибутери на органска храна, козметика и суплементи, туку истовремено имаме и сопствен продажен ланец од специјализирани „био“ продавници за оргнански производи. Официјални застапнци и увозници сме за сите производи, без исклучоци, кои ги дистрибуираме и продаваме, а имаме и доста модерен концепт за онлајн продажба, маркетинг и градење на „brand awareness“ за нас и нашите брендови.

На вашата е-продавница видливи се голем број светски брендови за природна и органска козметика и храна, а за некои од нив вие сте екслузивни застапници. Колку брендови се дел од bellina.mk, колку производи се достапни и што уникатно може да се најде само кај вас?

Стефан: Започнавме да работиме со Organique и Urtekram, брендови од Полска и Данска, кои истовремено се пионери во своите држави во делот на природната и органска козметика со повеќедецениско искуство и традиција, а дополнително Urtekram е и најголемиот и најпознат производител на органска храна во цела Скандинавија.

Моментално броиме над 4500 производи од 86 брендови, кои може да се групираат во три главни категории – органска храна, природна и органска козметика и органски суплементи, а нашата понуда постојано расте и се зголемува, како во квантитет, така и во квалитет. Речиси за сите брендови сме ексклузивни увозници и дистрибутери за Македонија, додека за сѐ повеќе од нив, благодарение на нашите позитивни резултати, добиваме дури и регионални договори, за Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Албанија и Косово. Производителите и брендовите се најчесто од ЕУ, а најголем број на партнери имаме од Франција, Германија и Балтичките земји.

Навистина има голем број на уникатни производи, кои обично не може да се најдат на друго место на нашиот пазар. Речиси од секоја категорија има по нешто уникатно како на пример органските и еколошки тампони и влошки од италијанскиот бренд Organyc, кои се погодни и за родилки, единствени од ваков тип кај нас. Го имаме засега единствениот вид на сертифицирани еколошки бебешки пелени на нашиот пазар – данскиот бренд Bambo Nature, сертифицирана органска козметика со активни состојки од рускиот True Alchemy, потоа француските Novexpert и Eau Thermale Jonzac, кои се единствените дерматолошки и истовремено сертифицирани органски производи во Македонија. Органската храна има стотици производи, кои кај нас може да се најдат само во конвенционална неорганска форма, а вистински органски суплементи со сертификат е исто така новитет на нашиот пазар. Исто така доста важен аспект од нашата понуда е што речиси 80% од нашето портфолио на производи се вегански, сите без исклучок се „cruelty free“, додека голем дел од храната исто така се состои од производи без глутен, без лактоза, без додадени шеќери, како и целосно без шеќери во составот. Со тоа целиме да ги задоволиме потребите на сите наши потрошувачи, без разлика на причината и позадината на нивниот избор на производи.

Дефинирајте ја bellina.mk со 5 зборови преку кои ќе го опишете досегашното постоењето и работењето, но и идејата, философијата, мисијата и визијата на bellina.mk.

Кирил: Здравјето е еден од приоритетите, ако не и највисикиот приоритет на сите нас во животот. Но сѐ уште има голем број на луѓе коишто не преземаат ништо посебно за зачувување и подобрување на сопствената здравтвена состојба, иако истата ја посакуваат. Нашата цел е да ги навикнеме луѓето кон водење на начин на живот, којшто ќе им помогне да ја постигнат таа желба за добро здравје.

Истовремено важен аспект е подигнувањето на колективната свест, не само на нашите потрошувачи и клиенти, туку и на целокупното население. Свеста кон екологијата, свеста и обзирот кон животните и животната околина, нашата почит кон планетата и стремежот за подоброто утре за сите нас.

Транспарентноста е една од нашите најважни предности. Без скриени пораки, без лажни ветувања, едноставно и транспарентно. Како за потеклото на нашите производи, така и за нивниот состав, начин на производство и сѐ она што би сакале нашите потрошувачи да го знаат, секогаш се трудиме да бидеме максимално транспарентни.

Идејата наша е да се стане бренд, кој ќе биде синоним за квалитет, доверба и модерен начин на живот. И тоа не само во Македонија, туку и пошироко.

Одговорноста кон сите наши потрошувачи, кон сите наши колеги и вработени, кон сите наши партнери, како домашни така и странски, е главната причина за успешната приказна којашто ја градиме низ годините.

Кој е вашиот прв milestone, на што сте најгорди во досегашното работење и кои се вашите идни цели и планови за bellina.mk?

Стефан: Излегувањето на Српскиот пазар и првиот наш успешен договор, со голем и важен партнер надвор од Македонија. Ова беше вистинска причина за еуфорија и радост, одлично признание за годините макотрпна и напорна работа и залагање, како и потврда за тоа дека сме на правиот пат!

Постојано се стремиме и залагаме за подобрување на нашиот начин на работа, секогаш веруваме дека може да има и подобро и активно работиме кон унапредување на сите наши процеси. Сепак, доколку треба да издвоиме еден момент, кој значително го има подобрено нашето функционирање, тоа би било успешното имплементирање на ERP системот. Преку него се води целосна и детална евиденција за сите наши трговски процеси, од самиот увоз, па сѐ до продажбата кон крајниот потрошувач, а истиот значително ги има подобрено и зголемено нашите капацитети, професионално да одговориме на предизвиците и задачите кои произлегуваат од обемната палета на производи и брендови.

Денес со гордост кажуваме дека сме присутни и на првиот за нас ЕУ пазар – Словенија, нешто што воопшто не беше лесно и едноставно да се постигне, а во завршна фаза на преговори сме за влез и на пазарите во Хрватска, БиХ и Бугарија. Сепак нашите амбиции одат и подалеку од Балканот, подалеку од нашиот регион, кон останатите развиени европски пазари. Иднината ќе покаже до каде ќе стигнеме, но желбата и амбициите се големи и цврсто веруваме во себе.

Не би можеле да говориме за брз развој, и забрзана динамика на напредок, доколку не би имале соодветна кадрова политика. Ова е еден од есенцијалните елементи на секоја компанија, па така и ние највнимателно ги следиме потребите за проширување на нашиот тим, со цел и покрај нашиот рапиден раст, да нема никакви разлики во квалитетот на услугите и професионалноста, за која сме препознатливи како кај клиентите, така и кај соработниците.

Константната понуда на новитети е дел од нашето ДНК и нешто по што сме препознатливи кај нашите потрошувачи. Имаме цел тим, кој постојано работи на анализирање на нови производи, брендови, категории и сл., а редовно ги посетуваме и најреномираните и најголеми светски саеми за органски производи, сѐ со цел навремено да ги носиме најновите трендови на домашниот пазар.

Кирил, Стефан, се радуваме за вашиот успех и благодарни сме за вашите одговори 🚀

Успешни приказни од други членки на ЦЕФТА

Дали знаете?

Според рангот на “Ease of doing business”, Северна Македонија е најдобро рангирана во ЦЕФТА регионот (#17).

Дознај повеќе

Бидете во тек

Добијте известување кога следниот модул ќе биде достапен

.

Legal disclaimer: This geographical map is for informational purposes only and does not constitute recognition of international boundaries or regions; GIZ makes no claims concerning the validity, accuracy or completeness of the maps nor assumes any liability resulting from the use of the information therein.

North Macedonia

Население 2072531
Население на возраст од 16-64 години 1434451
Користење на Интернет 84%
Интернет купувачи 40%
Валута Macedonian denar
БДП по глава на жител, ЈПП 17015.23

Albania

Население 2837743
Население на возраст од 16-64 години 1931355
Користење на Интернет 70% (2019)
Интернет купувачи 10% (2019)
Валута Albanian lek
БДП по глава на жител, ЈПП 13899.93

Serbia

Население 6908224
Население на возраст од 16-64 години 4530026
Користење на Интернет 79%
Интернет купувачи 48%
Валута Serbian dinar
БДП по глава на жител, ЈПП 19366.76

Kosovo

Население 1775378
Население на возраст од 16-64 години /
Користење на Интернет 97%
Интернет купувачи 47%
Валута European euro
БДП по глава на жител, ЈПП 11383.4

Bosnia & Herzegovina

Население 3280815
Население на возраст од 16-64 години 2216576
Користење на Интернет 74%
Интернет купувачи 38%
Валута Bosnia and Herzegovina convertible mark
БДП по глава на жител, ЈПП 15732.84

Moldova

Население 2620495
Население на возраст од 16-64 години 1876763
Користење на Интернет 76%
Интернет купувачи 34%
Валута Moldovan leu
БДП по глава на жител, ЈПП 12995.56

Montenegro

Население 621306
Население на возраст од 16-64 години 411215
Користење на Интернет 79%
Интернет купувачи 29%
Валута European euro
БДП по глава на жител, ЈПП 20542.71

Ресурсен и информативен центар за клучните аспекти на е-трговијата за сите членки на ЦЕФТА.

ECOMMERCE FOR ALL

Дознај повеќе Види повеќе
* Оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на UNSCR и мислењето на ICJ за прогласувањето независност на Косово.

Имплементатор за Северна Македонија