Дарко Перушески од Gley.mk – Се прилагодуваме на навиките на потрошувачите, но и ги креираме

Gley.tv

За почетоците, развивањето и работата на Gley.mk разговаравме со Дарко Перушески – главен извршен директор на Gley.mk. Дарко ни ја објасни платформата, кои биле и се причините за започнување, моделот на плаќање и кон што платформата цели. Чест ни е што го имаме Дарко во ова интервју.

За релативно брзо време успеавте да станете препознатлив бренд на македонскиот пазар. Како и кога започна приказната на Gley.tv и на што се должи досегашниот успех?

Gley е првата македонска национална SVoD платформа која на едно место ги нуди најдобрите домашни и регионални серии и филмови, како и европски и светски хитови. Неизбежен дел од нашата платформа е и детската содржина која во целост е преведена или синхронизирана на македонски и албански јазик.

Идејата за Gley се роди во време кога како потреба на еволуцијата на начинот на следење на содржина кај гледачите, напуштање на линераниот начин (телевизија) и користење на најразлични стриминг платформи (YouTube). Во светот и регионално веќе постојат пандани на Gley, но на нашиот пазар ние сме првите кои масовно го доближивме стримнгот преку интернет со моделот на месечна претплата до пошироките маси.

Недостигот на пазарот кај нас се однесуваше на 2 моменти. Едниот е воопшто немање на платформа од ваков тип која пред се ќе се фокусира на домашната содржина, додека вториот е детската содржина. За жал поголемиот дел од содржината која ја „конзумираат“ децата не е на нивниот мајчин јазик, со што се соочуваме со генерации кои не го говорат мајчиниот јазик правилно бидејќи постојано се изложени на англискиот јазик.

Ние се обидуваме да дадеме решение за овие два недостига на пазарот со што на едно место ќе претстави разнолика програма, целосно преведена на македонски и албански јазик, детска содржина на мајчин јазик преку синхронизација и секако сето тоа да може да го следат преку интернет без реклами.

Платформата е достапна во целиот свет. Со овозможен пристап преку веб пребарувач на компјутер, посебните апликации за iOS и Android мобилни телефони и таблети, и smart TV. Содржината кој е достапна во различни региони варира, земајќи ги предвид правата за емитување, но постојано работиме колку што е можно поголем дел да биде достапен за што е можно поширока публика.

За функционалноста на платформата секојдневно се грижат 10 вработени и бројни надворешни соработници, секој специјалист во своето поле на работа.

Новитет кој го донесовте на македонскиот пазар е subscription based модел на плаќање кој долго време постои на светскиот пазар. Колку вкупно претплатници до сега го имаат употребено овој метод на плаќање, колку е добро прифатен кај нас и дали е тешко да се имплементира?

Моделот на плаќање со претплата за услуги во светски рамки веќе е доста познат и разработен. И на нашиот пазар корисниците се запознаени со него. Во поголем дел немавме проблем со имплементацијата и комуникацијата за начинот на плаќање. Она со што се соочивме е дека можеби го потценивме процентот на населението кој е запознаен со плаќање преку интернет, како и довербата за оставање на податоци од своите платежни картички. Затоа се одлучивме малку повеќе да се посветиме и на едукација на нашите претплатници за безбедноста на интернет плаќањата. За среќа како партнер во ова ја пронајдовме Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Кога би бирале една тимска победа која го издвојува Gley.tv од останатите, која би била тоа?

Не би можел да издвојам едена тимска победа. Сметам дека и покрај успесите кои што ги имаме се уште „војуваме“. Само можам да кажам дека сум горд на тимот кој безрезервно и верно работи за остварување на целите на Gley, а тоа е доближување на содржина на еден модерен и едноставен начин кон најшироката публика, како и нашето учество во јакнењето и развивањето на домашната продукција.

Какво е чувството да сте дел од е-comm светот? Колку на Gley.tv влијаат развојот на технологиите, динамиката на трендовите и менувањето на навиките на потрошувачите и како ја замислувате е-трговијата во иднина?

Gley како дигитална платформа е неделива од светот на е-трговијата и земајќи предвид дека се работи за технолошка иновација, прилагодувањето на навиките на потрошувачите се наш приоритет. Секако целта на секоја технолошка компанија е да ги креира навиките на потрошувачите, не само да ги следи. Сметаме дека ние сме дел од двигателите за развојот на е-трговијата во земјата, која иако од година во година зема се поголем замав сеуште има простор за нејзино унапредување.

Успешни приказни од други членки на ЦЕФТА

Дали знаете?

Според рангот на “Ease of doing business”, Северна Македонија е најдобро рангирана во ЦЕФТА регионот (#17).

Дознај повеќе

Бидете во тек

Добијте известување кога следниот модул ќе биде достапен

.

Legal disclaimer: This geographical map is for informational purposes only and does not constitute recognition of international boundaries or regions; GIZ makes no claims concerning the validity, accuracy or completeness of the maps nor assumes any liability resulting from the use of the information therein.

North Macedonia

Население 2057680
Население на возраст од 16-64 години 13992.22
Користење на Интернет 85.3%
Интернет купувачи 53.5%
Валута Macedonian denar
БДП по глава на жител, ЈПП 21304.5

Albania

Население 2777690
Население на возраст од 16-64 години 1861052
Користење на Интернет 83.1
Интернет купувачи 38.5%
Валута Albanian lek
БДП по глава на жител, ЈПП 19496.20

Serbia

Население 6664450
Население на возраст од 16-64 години 43318.93
Користење на Интернет 85.36%
Интернет купувачи 64.18%
Валута Serbian dinar
БДП по глава на жител, ЈПП 25061.9

Kosovo

Население 1761980
Население на возраст од 16-64 години 11981.46
Користење на Интернет 90%
Интернет купувачи 51%
Валута European euro
БДП по глава на жител, ЈПП 14971.20

Bosnia & Herzegovina

Население 3233530
Население на возраст од 16-64 години 21664.65
Користење на Интернет 83.38%
Интернет купувачи 41.31%
Валута Bosnia and Herzegovina convertible mark
БДП по глава на жител, ЈПП 20950.20

Moldova

Население 2538890
Население на возраст од 16-64 години 17264.45
Користење на Интернет 76%
Интернет купувачи 34%
Валута Moldovan leu
БДП по глава на жител, ЈПП 15719

Montenegro

Население 617210
Население на возраст од 16-64 години 4011.87
Користење на Интернет 88.36%
Интернет купувачи 32.13%
Валута European euro
БДП по глава на жител, ЈПП 28324.6

Ресурсен и информативен центар за клучните аспекти на е-трговијата за сите членки на ЦЕФТА.

ECOMMERCE FOR ALL

Дознај повеќе Види повеќе
* Оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на UNSCR и мислењето на ICJ за прогласувањето независност на Косово.

Имплементатор за Северна Македонија