Checklist – што треба да знае секој е-трговец?
-
УСЛОВИ
Кои треба да ги исполнува е-трговецот -
ИНФОРМАЦИИ
Кои треба да бидат јасно поставени на веб страната -
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Информации кои треба да бидат јасно поставени -
ПРАВИЛА
За нарачка и прием -
ДОГОВОРИ
Форма и важност во електронски облик -
ПРОМОЦИЈА
Што треба да знаете? -
ПРЕПОРАКА
За успешна работа
УСЛОВИ
Имате е-продавница или планирате да лансирате наскоро? Оваа листа може да ви послужи како прирачник за тоа што треба да имате поставено на вашата веб страна и што треба да следите согласно Законот за електронска трговија и согласно Законот за заштита на потрошувачите.
За еден е-трговец да ја обавува својата работа и притоа соодветно да ги исполнува условите, важно е да знае дека:
Без физичка продавница
Може, но не мора да има физичка продавница за да фунцкионира.
Работа само преку интернет
Може да работи исклучително само преку интернет.
Без сменско работење
Не е потребно сменско работење. Може да се работи со вработено едно лице 24/7 бидејќи процесите се автоматизирани.
Без фискална апаратура
Не треба фискална апаратура. Доколку плаќањата се вршат преку интернет, е-трговецот не е должен да поседува фискална апаратура.
ИНФОРМАЦИИ
Информациите кои треба да бидат јасно поставени најчесто се наоѓаат во футерот на веб страната.
*Согласно член 7 став (1) од Законот за електронска трговија (Информирање и комерцијална комуникација):
-
Име/назив на давателот на услугата
Ако се работи за онлајн посредник назив на фирмата и назив и седиште на давателот на услугата или продавачот на производот
-
Контакт податоци
Седиште / адреса / контакт податоци (email адреса)
-
Трговски регистар
Во кој е внесен трговецот (ако е туристичка агенција да го има наведено бројот на лиценцата)
-
Податоци од надлежниот орган
Доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија)
-
Даночен број
Ако е-трговецот е ДДВ обврзник
Покрај овие информации давателот на услуги на информатичко општество кој врши регулирана професија е должен да ги направи достапни и следниве информации:
*Согласно член 7 став (2) од Законот за електронска трговија (Информирање и комерцијална комуникација)
-
Податоци за институцијата
кај која е регистриран давателот на услугата
-
Професионалниот назив
и земјата во која е стекнат тој назив
-
Упатување на професионалните правила
во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив
Дополнително, согласно Законот за заштита на потрошувачи, кој исто така предвидува членови кои се однесуваат на е-трговците, секој е-трговец на својата веб страна треба да ги има истакнато:
-
Условите за продавање (или именувано како Услови за купување)
-
Политика за враќање на производите
-
Формулар за повлекување или враќање на купен производ/услуга
-
Политика за приватност
-
Политика за колачиња
*Согласно член 7 став (3) од Законот за електронска трговија (Информирање и комерцијална комуникација)
Онлајн продавачот е должен на прегледен и јасен начин да ги истакне следните информации:
Цена на производот-услугата
Јасно истакната (недвосмислено) цена на производот-услугата која се нуди (со вклучени даноци или други трошоци)
Трошоци за достава
Трошоците за доставата/испораката
Дополнителни трошоци
Доколку има други дополнителни трошоци да бидат јасно наведени
Секое купување е договор меѓу трговецот и купувачот. Основни елементи на договорот се: цена, извршување на услуга или предавање на определена стока.
Согласно Член 13 од Законот за електронска трговија за нарачката важат следните
правила (освен ако се работи за вршење на нарачка исклучиво со користење на
електронска пошта или друга форма на лична комуникација).
При вршење на нарачка, продавачот треба да му овозможи на купувачот лесно
да ги види податоците и да направи корекција по потреба
-
Цената да е прикажана на јасен начин со сите вклучени даноци
-
Ако има трошоци за испораката да бидат јасно наведени
-
Купувачот да може да направи лесно корекција на податоците за испорака (доколку е вклучена испорака)
Нарачката и потврдата за прием се сметаат за примени кога истите им се достапни
на страните до кои се адресирани. Нарачката треба исто така да биде јасна и недвосмислена и да ги содржи информациите за извршената нарачка.
Купувачот кога прави нарачка по електронски пат е должен да побара од продавачот да му достави потврда за прием на нарачката со посебна електронска порака без одлагање и по електронски пат.
Потврдата за прием на нарачка се испраќа на email и треба да содржи:
-
Број на нарачка
-
Датум
-
Информации за продавачот (назив, адреса, контакт)
-
Назив на купениот производ/услуга
-
Наплатената цена јасно и недвосмислено прикажана
-
Ако се работи за онлајн посредник потребно е да ги има податоците и за онлајн посредникот (најчесто во футерот на email пораката)
Согласно Член 20, е-трговецот не одговара за грешно внесени податоци на купувачот како и за содржината на информациите кои ги складира ако не знаел дека има нелe гaлно поврзано дејство со истото. Ако забележи или дознае за нелегално дејство треба да ги информира надлежните органи.
Понудата и прифаќањето на понудата можат да се даваат по електронски пат, односно во електронски облик.
Договорите можат да се склучат по електронски пат, односно во електронски облик.
Договорот во електронски облик се смета за склучен во оној момент кога понудувачот ќе ја прими електронската порака која содржи изјава на примателот дека ја прифаќа содржината на договорот.
*Комерцијална комуникација и небарана комерцијална комуникација од Закон за електронска трговија (Член 8 и Член 9)
Компаниите може да испраќаат комерцијални пораки кон потенцијалните или постојните купувачи кои ги оставиле своите контакт податоци и се согласиле да добиваат промотивни пораки. Согласно Член 8 потребно е да се запазат следните информации:
-
Да може да се идентификува од пораката дека се работи за комерцијална комуникација
-
Да може да се идентификува испраќачот - физичкото или правно лице во чие име се прави комерцијалната комуникација
На пример, кога компанија испраќа email со понуди за производи и услуги до крајните купувачи, пракса е во секоја испратена email порака најдолу во футерот на пораката да се содржани:
-
Името/називот на испраќачот
-
Адресата
-
Email адресата на која примачот може да стапи во контакт со испраќачот
-
Можност за примачот да може да се одјави (отчлени) од добивање на промотивни пораки во иднина
Согласно член 9 за небарана комерцијална комуникација, испраќачот смее да испраќа промотивни пораки само со претходна согласност на примателот (во согласност со Законот за електронски комуникации).
Криењето на информации штети!
Информирајте се за законите кои се апликативни на производот/услугата која ја нудите онлајн и истакнете ги сите информации и продажните услови на вашите веб страни, бидејќи во новиот дигитален транспарентен свет купувачот е помоќен од кога и да било. За доброто на вашиот бизнис и негов раст практикувајте етичко однесување и бидете коректни со вашите потрошувачи. Тоа се луѓе кои ви ја дале довербата и за кои треба да се грижите. Незадоволниот купувач ќе го рашири лошиот глас многу повеќе од добриот. Најдобрата маркетинг тактика е грижата.
Ви посакуваме успешно работење и напредок.