ПОДОБРА Е-ТРГОВИЈА БЕЗ СИВА ЕКОНОМИЈА

Преку листа на регистрирани е-трговци ќе ги информираме граѓаните од каде да купуваат на интернет проверено и ќе придонесеме за одбегнување на нерегистрирани е-трговци кои се дел од сивата економија. Дополнително преку едукативни видео кампањи ќе ја прикажеме штетноста на сивата економија.

 

Во најширока смисла, сивата економија е секоја економска активност која се обавува на начин со цел да се избегне законот, да не се платат даноците во корист на одредени лица, а на штета на државата, економијата и граѓаните. 

Суштинските активности во сивата зона се непријавување на приход, односно избегнување на плаќање даноци од страна на компании со цел да се зголеми заработката. Компаниите што се дел од сивата економија се регистрирани, но наоѓаат можности да избегнат обврски кон државата на нелегален начин – со исплата на дел од платите „на рака“, со нерегистрирање на дел или на сите работници (кои не се осигурани и подоцна нема да имаат право на пензија), со неиздавање на фактури итн…

Со појавата на социјалните медиуми сивата економија е се повеќе присутна и во е-трговијата, преку онлајн продажба на најразлични производи или услуги од страна на нерегистрирани е-трговци.

Плаќањето во готово, при онлајн купување, иако се чини навидум лесно, безбедно и едноставно, без сметка/потврда не е добро решение за купувачите на долг рок, бидејќи на тој начин немаат никаква гаранција или начин да се пожалат за евентуалниот лош квалитет на купениот производ или услуга и воедно и самите купувачи учествуваат во „поткопување” на даночниот систем.

Сите граѓани треба да ја разберат борбата против сивата економија во е-трговијата и воопшто против сивата економија во целина, како заеднички напор, бидејќи таа влијае врз намалување на даночните приходи и со тоа директно го намалува квалитетот на образованието, ја намалува нашата безбедност во староста – пензиите, безбедниот и функционален здравствен систем, можноста за капитални инвестиции во инфраструктурата како патишта итн.


РЕГИСТРИРАЈ СЕ

Веќе си регистриран? Кликни тука за најава.